Реакција на Синдикат на Полиција во Македонија до Владата

Барање за усвојување на Уредбата со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој работник во Министерството за внатрешни работи

Почитуван Премиер на Владата Г-дин Оливер Спасовски,

На почетокот ова беше една од поубавите вести каде веруваме дека од страна на секој припадник во Полицијата беше наидена за поздравување. Веруваме дека во тој момент немаше вработен а да не се чуствува барем за момент во овие два дена вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен а некој и покрај се му го вреднува трудот.
Ова вчера што го изјави Министерката за Финансии Ангеловска за жал мораме да констатираме дека е страшно, жално и бедно и невреднување на трудот на полициските службеници . Значи како претседател на Синдикат на Полиција во Македонија ќе разберам дека доколку на чело на Владата стоеше човек што работите во Полицијата не му се доволно познати. Но, моментално на Премиерското место се наоѓате Вие, човек на кого многу добро му се познати приликите во Министерството за внатрешни работи, тежината на работата во самото Министерство, ризиците со кои секојдневно се соочуваат работниците во Полицијата. Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Министерката за Финансии е СРАМНА. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години баш од Ваша страна беше измислена паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани“. Да се запрашаме сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА.

Како Синдикат сметаме и веруваме дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените 15.000 денари кои ги предлага до Владата Министерот Наќе Чулев. Да, малку се но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи. Веруваме и дека после завршувањето на кризата дополнително повторно ќе бидат наградени работниците во МВР.

Согласно наведеното НАЈОСТРО СЕ СПРОТИСТАВУВАМЕ на вчерашната одлука, реагираме до Владата и БАРАМЕ оваа одлука на Министерството за финансии и на Министерската Ангеловска да се преиспита и на денешната седница на Владата да се потврди Барањето на Министерот Чулев сите вработени во Полицијата линеарно да добијат еднократен надомест во износ од 15.000 денари. Веруваме дека на денешната седница Владате ќе смогне сила и без разлика на политиките ќе ја донесе оваа одлука која за момент можеби ќе ја врати довербата во професијата „ПОЛИЦАЕЦ“.

Да направиме од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава.

Со почит,

Синдикат на Полиција во Македонија