Делегација на СПМ оствари работна средба во просториите на Собранието на Република Македонија

Денес делегација на СПМ предводена од претседателот на СПМ Орце Коцевски и членови од раководството на СПМ Миќи Михајлоски и Ангел Самараков во просториите на Собранието на Република Македонија беше остварена работна средба со пратениците Бојан Стојаноски, Дафина Стојаноска и Зоранчо Јованчев на која се дискутираше и беше укажано за тековните проблеми како и предизвици со кои се соочуваат припадниците на МВР, неколку предлози за предлог измени на неколку закони поднесени од СПМ а се со цел подобрување на истите, правата и условите во работните односи на вработените.

Од страна на пратениците беше покажан интерест и добра волја за неколкуте предлози и забелешки доставени изминатиот период од СПМ до Собранието за решавање на актуелната проблематиката со која е оптоварено министерството и самиот работник и е дадена заложба во предстојниот период да продолжи меѓусебната координацијата за изнаоѓање на долгорочни решенија кои ќе доведат до подобар статус и резултати во работата на полициските службеници каде ќе се врати довербата на оваа професија.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме