На ден 07.11 2024 година Синдикат на Полиција во Македонија до сите пратенички групи достави барање за спроведување и иницирање постапка за измена на членовите 382 и 383 од постојниот Кривичниот законик до Собранието на Република Македонија со кои ќе се исправи долгогодишната неправда која е сторена према сите работници- полициски службеници во МВР.
Со предложените законски измени на Кривичниот законик всушност ќе се исправи неправдата која со години наназад им е нанесена на полициските службеници. Во изминативе две-три години полицискиот службеник секојдневно е мета на напади, кои резултираат со чести напади (Пукање во полицаец, нападнати сообраќајни патроли, спречувања при вршење на службени задачи од страна на поединци и слично) а често сето ова откако ќе се проследи до надлежното Јавно обвинителство, најчесто напаѓачите завршуваат ослободувани или со парични казни, согласно важечките прописи од постојниот Кривичен Законик.
Со овие постојни решенија, полицискиот службеник се повеќе се одвраќа при вршење на полициските работи знаејќи предвреме дека „не вреди“ за да на крај сторителот биде ослободен со минимална парична казна.
Со предложените измени од постојниот Кривичен законик односно членовите 382 и 383 ќе се допринесе за поголема казнивост на сторителите, поголема заштита на Полицискиот службеник со што ќе му се влее самодовербата и мотивираност за квалитетно вршење на полициските работи односно постојната казна предвидена како парична , ќе му биде заменета со казна затвор односно предлагаме поголеми и построги затворски казни.
Враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ на вработените во МВР!
#враќањенапрофесионализмотвополицијата

