Писмо испратено до Министерот за внатрешни работи:
“Сеуште последната група на приправници ширум целото Министерство за внатрешни работи немаат задолжено никаква униформа односно сеуште дел одат со униформата од Центарот за обука, дел се снаоѓаат од нивни колеги а дел си купуваат униформа и така одат на работа во нивните организациски единици.
Имајќи го во предвид проблемот кој го наметна со недостигот на униформи претходниот Министер за внатрешни работи, Бараме итна набавка и задолжување со униформа на оваа категорија на работници, како и доследно почитување во иднина на Правилникот за униформа и конечно да започне да се применува „ваучер системот“ кој воопшто не се почитува”.
#враќањенапрофесионализмотвополицијата

