Помина уште еден ребаланс на Буџетот, а полициските службеници повторно нема да добијат покачување на платите![]()
Помина уште еден ребаланс на Буџетот, се прават прераспределби на средствата, се утврдуваат нови приоритети, но подобрувањето на материјалниот статус на полициските службеници повторно останува на маргините.
Полицијата секојдневно се соочува со сериозни предизвици, одговорности и ризици, а за возврат добива плати кои не соодветствуваат на тежината и значењето на работата што ја извршува или во превод од основна плата пониска од минималната плата во Македонија.
СПМ потсетува дека достоинството на полицискиот службеник започнува и со достоинствена плата![]()
Не се доволни само пофалби за работата на полицијата. Потребни се конкретни мерки, финансиска поддршка и реално вреднување на трудот на полициските службеници.
Прашањето останува исто: до кога полициските службеници ќе чекаат нивниот труд, одговорност и пожртвуваност да бидат соодветно вреднувани?
Зар не е СРАМОТА во 21 век платата основна на полицаецот да биде под минималната плата ![]()
СПМ бара конкретни решенија, а не нови „ветувања”.
#враќањенадостоинствотовополицијата

