🕊️ 11 меморијален турнир „Хероите од Југот 2026“
На 9 октомври 2026 година, по покана на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP , се одржа Единаесетиот меморијален турнир во мал фудбал „Хероите од Југот 2026“, на кој учество зеде и тимот на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
Синдикатот на српската полиција – Регионален центар Лесковац, со оваа традиционална манифестација достојно ги чува од заборав своите соборци кои ги положија животите извршувајќи ги службените должности во одбрана на татковината.
Турнирот беше отворен од претседателот на ССП Lazar Ranitovic Посебна благодарност до генералниот секретар на Синдикатот на српската полиција Darko Ocokoljic и до претседателот на ССП – Лесковац, Срѓан Јовиќ, за искреното гостопримство што го приредија за членовите на фудбалскиот тим на Синдикатот на полиција во Македонија.
Со овој гест уште еднаш беше потврдена искрената пријателска врска и негувањето на одличните меѓусоседски односи, кои ќе продолжат да се развиваат преку меѓусебна соработка на сите полиња на синдикалното делување, а во иднина и преку спортот.
Нашата екипа доби признание за фер плеј на турнирот која во текот на натпреварите покажа одличен спортски дух, почитување на противникот и достоинствен однос према сите учесници, докажувајќи дека почитувањето и меѓусебното разбирање се поважни од секој резултат.🫡🇲🇰🇲🇰🇲🇰💬
„Смртта не постои – луѓето умираат дури кога сите ќе ги заборават.“ 🇷🇸🫡🇲🇰





