Безбедност и здравје при работа (БЗР) во полицијата – кој ја чува безбедноста на оние што нè чуваат![]()
Безбедноста и здравјето при работа не смеат да бидат привилегија за едни, а обврска само на хартија за други. Особено не во полицијата.
Полицискиот службеник секојдневно работи со оружје, возила, опасни ситуации, стрес и ризик по живот. Затоа непочитувањето на правилата за безбедност и здравје при работа не е административен пропуст – туку директна закана по животот и здравјето на вработените.
Кога нема соодветна заштитна опрема, обука, проценка на ризик, исправна опрема и услови за безбедно извршување на задачите, последиците можат да бидат повреди, професионални заболувања, трајна неспособност, па дури и загубен човечки живот.
А најстрашно е кога институцијата што треба да го спроведува законот, самата го занемарува.
МВР СО ГОДИНИ НЕМА ОДРЕДБИ ОД БЗР, БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН СИНДИКАТ ВО МВР![]()
Полицаецот не смее да биде бројка во системот. Тој е човек кој има право да се врати жив и здрав дома.
БЗР не е трошок. БЗР е обврска. А заштитата на полицаецот треба да почнува пред да се случи несреќата – не после неа.
ЗА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ ВО ПОЛИЦИЈАТА!!!!

