Денес претседателот на Синдикат на полиција во Македонија – СПМ Орце Коцевски оствари средба со Генералниот секретар на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSPDarko Ocokoljic .
На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните состојби во синдикалното организирање, заштитата и унапредувањето на работничките права, како и за предизвиците со кои се соочуваат вработените во безбедносниот сектор.
Посебен акцент беше ставен на важноста од меѓусиндикална соработка, размена на искуства и заедничко делување во насока на подобрување на материјалниот и професионалниот статус на полициските службеници и останатите вработени и понатамошна соработка помеѓу двата синдикати.
Средбата претставува уште еден чекор кон воспоставување и продлабочување на партнерските односи и соработката помеѓу синдикалните организации, со заедничка определба дека силен синдикат значи посилна заштита на правата на работниците.
СПМ продолжува активно да гради контакти и партнерства со синдикати од регионот, со цел размена на позитивни практики и унапредување на синдикалното делување во интерес на своето членство.

