25 ГОДИНИ ЕБР – ЕДИНИЦА СО ЧЕСТ, СИЛА И СЛАВА

25 ГОДИНИ ЕБР – ЕДИНИЦА СО ЧЕСТ, СИЛА И СЛАВА‼️

Денес, Единицата за брзо распоредување – ЕБР одбележува 25 години од своето постоење. Четвртина век оваа елитна единица е во првите редови за одбрана на државата, уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија 🇲🇰.

Ова не е само датум – ова е симбол на жртва, храброст и непокор!

Затоа, овој ден мора и треба секогаш да се одбележува достоинствено, со највисоки почести, како што прилега на единица која е темел на безбедносниот систем.

Нашата борба е јасна:

Полицијата мора да биде ослободена од политички влијанија и притисоци.

Припадниците на ЕБР и сите полициски службеници мора да бидат соодветно почитувани, платени и наградени за својата работа.

Работата мора да се извршува во достоинствени услови и со современа и квалитетна опрема.

Само така ќе изградиме полиција со интегритет, со авторитет и професионализам – полиција која народот ја почитува и во која има доверба!

ЕБР нека остане пример за храброст, чест и лојалност – тоа им го должиме на сите оние што пред нас ја напишаа историјата со сопствената крв.

СЛАВА И ВЕЧНА ПОЧИТ НА ХЕРОИТЕ КОИ ГО ДАДОА ЖИВОТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА!

🇲🇰 Македонија нема право да заборави!

„Смртта не постои – луѓето умираат тогаш кога сите ќе ги заборават.“

Со гордост и почит,

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

СЕКОГАШ 👮 СЕКАДЕ 🇲🇰