ЈАВЕН ПОВИК ДО МПС

Синдикат на полиција во Македонија во текот на денешниот ден,инцидентно дојде до информација дека во претходниот период, Македонскиот полициски синдикат си зел за право, без најава и потреба,да изврши измени и дополнувања на Колективниот договор на МВР.

Бидејќи Колективниот договор се однесува на правата на сите вработени,било какви планирани или непланирани измени и дополнувања,треба да бидат објавени со објаснување за запознавање. Зошто МПС продолжува со истата прикриена тактика на свршен чин,воопшто не е јасно .

Од тие причини,јавно го повикуваме МПС да објави за какви измени се работи,да ја објасни потребата од тие измени и да ги наведе придобивките од измените,затоа што врз основа на Законот за работни односи,со Колективните договори се предвидуваат подобрени и унапредени права од основните, а не скратување или бришење на одредени права со што ќе настане штета на работникот.

Доколку до Понеделник, МПС јавно не се произнесе за направените измени и дополнувања на КД, Синдикат на полиција во Македонија јавно ќе ги објави и ќе изнесеме свое толкување за запознавање на членството и другите колеги,што значат и што е “придобивката” од таквите измени.

Во тој контекст,го повикуваме и Независниот синдикат на полиција,како втор репрезентативен синдикат,да се произнесе за измените и дополнувањата на КД на МВР. Секако,доколку воопшто знаат за што се работи!!!