ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ![]()
На овој ден, 11 октомври 1941 година, македонскиот народ со оружје во рацете го запиша почетокот на својата слобода.
Од Прилеп и Куманово започна пламенот на отпорот, што ја разгори борбата за независна, горда и достоинствена Македонија.
Тоа беше денот кога храброста го победи стравот, кога единството го сруши ропството и кога македонскиот дух се издигна над сите поделби.
Ден кога мал број на луѓе направија голем подвиг, кога со нивната храброст почна да се пишува македонската историја со крв, со чест и со идеал за слобода и правда, а од која никна државноста што денес ја имаме.
Да не заборавиме – Темелот на нашата држава, нивната жртва , е нашата обврска да го чуваме духот на востанието жив, во времиња кога неправдите се поинакви, но борбата за достоинство е иста.
Да ја чуваме Македонија со истата љубов со која нашите претци ја ослободуваа![]()
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ![]()
![]()
![]()

