СПМ: Среќен 44 роденден САЕ “ТИГАР”🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Има едни луѓе, човечишта. Не се многу, ама како одбрани. Скромни. Силни. Патриоти. Не бараат многу, само ја сакаат Македонија. Спремни се за неа се да дадат. Некои и дадоа. Нека државата секогаш биде горда на своите, на нејзините припадници. Нека знае дека ја чувале, ја чуваат и засекогаш ќе ја чуваат.

“МАКЕДОНИЈА ИМ Е СЕ ШТО ИМААТ, МАКЕДОНИЈА ИМ Е НАД СЕ” 🇲🇰

Како Синдикат на Полиција во Македонија имаме огромна почит и благодарност на сите оние припадници на САЕ “ТИГАР” кои ги дадоа животите на браникот на татковината. Нивната жртва не смее и нема да биде заборавена. За НИВ и за сите оние кои досега го носеле амблемот со „Тигарот“ на нивната униформа и во нивното срце, љубовта кон професијата, кон својата земја и обврската кон граѓаните биле и се на прво место и ние како Синдикат сме Ви бескрајно благодарни за тоа.

“Сите даваме по нешто, НЕКОИ ДАДОА СЕ” Среќен 44 роденден САЕ “ТИГАР”🇲🇰🇲🇰🇲🇰