СЛОБОДНИТЕ ДЕНОВИ ОД ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ ИСКЛУЧИВО ПО БАРАЊЕ НА РАБОТНИКОТ

Во врска со член 171 став 4 од Колективниот договор на МВР каде е наведено:„Слободните денови од ставот (3) на овој член, кои работникот не ги искористил во тековната календарска година, може да ги искористи најдоцна до 30 јуни следната календарска година“. Согласно наведеното до Одделот за правни работи во МВР доставивме барање за правно мислење и толкување за следното:”Дали ова значи дека само со Барањето на работник за користење на слободен ден по основ на вишок прекувремени часови согласно член 171 став 3 од Колективниот договор оставено му е дискреционо право на работникот да ги користи слободните денови од прекувремена работа тогаш кога истиот ќе побара?”

Согласно наведеното на ист став сме со одговорот добиен од правната служба во МВР дека работникот зависно од потребата за користење на слободни денови, согласно членот 171 став 4 од КД на МВР а во согласност со воспоставената методологија на работа во секоја организациска единица на МВР, ИМА МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СЛОБОДНИТЕ ДЕНОВИ ПО НАВЕДЕНИОТ ОСНОВ, секако во согласност со процесот на реализација на работните задачи и обврски, за што ПРЕТХОДНО Е ИНФОРМИРАН И СОГЛАСЕН раководниот работник на орг.единица во која работи работникот.Ова значи дека исклучиво на Ваше барање (писмено) согласно член 171 став 4 од КД на МВР во иднина раковoдителот ќе ви одобрува слободен ден.Согласно наведеното како Синдикат најжестоко ќе се спротиставиме на оние раководители кои во иднина ќе постапуваат спротивно на наведените одредби.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме