Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ одржа работна средба со началникот на ОСПО
Денес, претставници на СИНДИКАТОТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА (СПМ) одржаа работна средба со началникот на Одделот за специјални полициски операции (ОСПО) г-дин Васко Наумовски.
На средбата отворено и конструктивно беа разгледани проблемите и предизвиците со кои се соочуваат полициските службеници во специјалните полициски единици. Претставниците на СПМ ги презентираа прашањата и барањата на членството, при што од страна на раководството беа слушнати и разгледани сите посочени проблеми.
СПМ ќе продолжи со конкретно постапување, а идентификуваните прашања ќе бидат проследени до надлежните институции и служби, со цел нивно решавање и унапредување на условите за работа и професионалниот статус на полициските службеници.
Особено го истакнуваме фактот дека постои одлична и конструктивна соработка помеѓу Синдикатот и припадниците на сите специјални полициски единици. За СПМ оваа соработка е од особено значење, бидејќи само преку отворен дијалог, меѓусебна почит и заедничко делување можеме да придонесеме за подобра и попрофесионална полиција.
СПМ останува доследен на својата определба – да ги штити правата и интересите на полициските службеници и секој проблем на членството да го претвора во конкретно барање и иницијатива за негово решавање.
На средбата се поставија телели за идна соработка и со Македонската полициска спортска федерација.
#враќањенапрофесионализмотвополицијата

