СИНДИКАЛНО ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА СПM – КРУШЕВО, ДЕМИР ХИСАР И БИТОЛА

СИНДИКАЛНО ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА СПM – КРУШЕВО, ДЕМИР ХИСАР И БИТОЛА

Во духот на синдикалното единство, пријателството и заедништвото, денес се реализираше синдикално дружење на членовите на Синдикатот на полиција во Македонија од Крушево, Демир Хисар и Битола.

Дружењето беше исполнето со позитивна атмосфера, меѓусебно почитување и пријателство, а во рамките на активностите беше организирана и посета на манастирот „Св. Јован Претеча“, место кое носи посебна духовна вредност и мир.

Ваквите средби се потсетник дека синдикатот не е само организација што ги штити работничките права, туку и заедница што ги поврзува луѓето, гради доверба и го негува заедништвото.

Заедно сме посилни!

СПM – Синдикат на полиција во Македонија