Резултати од првите спортски игри на СПМ

Резултати од првите спортски игри на СПМ

После успешно завршените спортски игри „Синдикална олимпијада на пријателство 2026“ на ред е да ги објавиме и победниците. Пред се голема благодарност до сите членови за нивното активно вклучување во сите активности во склоп на самите игри кои дадоа печат овие први игри и те како да бидат одлично приредени и организирани…

Но да не должиме многу да почнеме….

Освоен беше во лоши временски услови, снег и силен ветер врвот „Магаро”, на планината „Галичица“ 2254 мнв и беа влочени надчовечки напори истиот ден гордо на врвот да се вее знамето на СПМ. За тоа се погрижија Деан Јовановски, Борис Танчев, Виолета Милошевска (ова и беше впрочем и прво искуство со искачување од ваков вид), Биљана Коцевска и Марјан Тасовски.

Во категорија шах

· Прво место Мики Трајковски од СО СПМ Прилеп,

· Второ место Бобан Томевски од СО СПМ Прилеп,

· Трето место Димитар Маркоски од СО СПМ Меџитлија

Во категорија пикадо (жени).

· Прво место Цвета Сталетовиќ од СО СПМ Скопје,

· Второ Место Катерина Питошка од СО СПМ Битола,

· Даринка Ѓоргиева од СО СПМ Скопје.

Во категорија пикадо (мажи)

· Прво место Горан Јанкулоски од СО СПМ Прилеп,

· Второ место Панов Митко од СО СПМ Гевгелија,

· Трето место Александар Димовски од СО СПМ Богородица.

Во категорија трчање 100м (жени)

· Прво место Ana Vujović од Nezavisni sindikat policije Crne Gore – NSPCG

· Второ место Ивана Издушнова од СО СПМ Струмица,

· Трето место Билјана Издушнова од СО СПМ Струмица

Во категорија трчање 100м (мажи)

· Прво место Димитар Маркоски од СО СПМ Меџитлија,

· Второ место Деан Јовановски СО СПМ Гевгелија,

· Трето место Даниел Китановски од СО СПМ Крушево.

Во категорија баскет (жени) првото место го освои екипата на СО СПМ Битола.

Во категорија влечење јаже

· Прво место освои екипата на СО СПМ Прилеп.

· Второ место СО СПМ Битола,

· Трето место СО СПМ Скопје.

За НАЈДОБАР И ЕДИНСТВЕН судија прогласен е Александар Крајоски 👏👏👏

Во категорија фудбал

· Прво место екипата на СО СПМ Прилеп,

· Второ место екипата на СО СПМ Гевгелија,

· Трето место екипата на СО СПМ Струмица.

За најдобар играч беше прогласен Крстески Бобан од СО СПМ Прилеп.

За најдобар голман беше прогласен Мики Трајковски од СО СПМ Прилеп.

За најдобар стрелец беше прогласен Мичев Ѓорге од СО СПМ Гевгелија.

На победниците им честитаме од срце, на останатите повеќе среќа нареден пат. На крај не е битно кој победил, битно е учеството, колегијалноста и развивање на меѓучовечките односи.

Дотогаш, бидете живи, здрави и среќни, господ да не чува сите и догодина во што поголем број.

Да живее СПМ,

Да живее Македонија 🇲🇰

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме