П О В О Л Н О С Т за членовите на Синдикат на Полиција во Македонија

Почитувани членови Ве известуваме дека е склучен договор за користење на поволности со одложено плаќање на рати преку задршка од плата со Административна забрана преку МВР, само за членовите на СПМ.

➡️Со една потврда издадена и заверена од страна на работодавачот (потврда и дека е член на СПМ) може да се користи услугата во АСУЦ ” Боро Петрушевски “, ул.” Александар Македонски” бр.26 Скопје.

Услугите можат да се платат до 6 рати со административна забрана на плата‼️

Давателот на услуги како предмет на овој договор се обврзува за вработените на корисникот на услугата и нивното потесно семејство да важат следните услови за користење на услугите:

 Плаќање на услугите за технички преглед во Станицата за технички преглед на возила на 6 (шест) рати без камата со административна забрана преку плата врз основа на заверено барање на вработените кај корисникот на услугата

 Поклон (со направена полиса во Асуц брокер)

 Специјални поволности (бесплатно) за секое регистрирано патничко возило во АСУЦ :

o Перење на возилото

o Промена на масло, филтер за масло и филтер за воздух

o Промена на предни диск плочки

o Промена на надворешни сијалички од возило

o Три бесплатни контролни прегледи – констатирање на неисправност

o Штелување на фарови за светла

o Штелување на рачна сопирачка

o Проверка наа системот за ладење

o Проверка на густина на антифриз

o Проверка на електролит во акумулаторот

o Електронско испитување на акумулаторот и алтернаторот

o Монтирање на регистарски таблички

o Бесплатно полирање на фарови

 Поправка на возило во автосервис на 6 (шест) рати без камата со административна забрана преку плата врз основа на заверено барање на вработените кај корисникот на услугата

 Обука за „Б“ категорија во Авто Школата – плаќање на 5 (пет) рати со адмистративна забрана преку плата врз основа на заверено барање на вработените кај корисникот на услугата (секој новозапишан кандидат добива бесплатно користење на Автодромот, 2 (два) часа дополнителна обука и бесплатно користење на возилото од автошкола за прво полагање на полигон и град)

 Поволности при обука за:

o Сертификат за учество на возачите во меѓународен патен транспорт

o Сертификат за управителите или овластени лица од нив во патниот транспорт

o Сертификат за возачи за превоз на опасни материи во патниот транспорт (ADR)

o Сертификат за советник за безбедност за опасни материи во патниот транспорт

o Сертификат за ракувач со виљушкари

o Специјалистичко образование – возач инструктор

o Специјалистичко образование – контролор во станица за технички преглед

o Специјалистичко образование – автолимар

o Специјалистичко образование –автомеханичар

°Специјалистичко образование – Патно сообраќаен оператор

o Обука за заштита при работа и процена на ризик на работно место.

👮‍♀️✅Заверките на ПОТВРДИТЕ се заверуваат во Оддел за финансиски прашања во МВР или во Одделенијата за правни работи во сите Сектори за внатрешни работи.✔️

Имајте пријатни и убави моменти во користењето на услугите со нашиот нов пријател и соработник АСУЦ ” Боро Петрушевски”- Скопје.

УЖИВАЈ и плаќај со поволности како член на СПМ.✔️

Со почит,

🇲🇰СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА 🇲🇰

https://www.facebook.com/asuc.edu.mk