Почитувани членови
Ве известуваме дека е склучен договор за користење на поволности со попуст за готовинско плаќање или одложено плаќање на рати преку задршка од плата со Административна забрана преку МВР, само за членовите на СПМ.
Со една потврда издадена и заверена од страна на работодавачот (потврда и дека е член на СПМ) може да организирате, родендени, пензионирање, матурски, новогодишни и други прослави со однапред закажување на датумот во самиот Ресторан “Хавана” -“ДАБО 2020” ДОО или на тел:071/291-098
* Плаќањето на рати е во зависност од висината на сумата, односно:
Над 30.000 денари на 2 рати
Над 60.000 денари на 3 рати
* За готовинско плаќање е со попуст од 15% , со прикажување на членската картичка од СПМ.Ресторанот “Хавана “ е лоциран во O. Старо Нагоричане, а за полесно да се запознаете со услугите заследете на :
https://www.instagram.com/restaurant_havana_kumanovo/ официјален профил на Instagram со видеа и слики од менито, атмосферата и понудата на Ресторан” Хавана”.
*
https://www.facebook.com/differenttypeofstupidity/ Facebook страница/постови за Ресторан “Хавана” каде можеш да гледаш објави, слики и видеа.
Заверките на ПОТВРДИТЕ (за користење поволности за на рати) се заверуваат во Оддел за финансиски прашања во МВР или во Одделенијата за правни работи во сите Сектори за внатрешни работи. Пред секое користење на предвидените поволности, секој СПМ член на увид треба да приложи валидна членска картичка од СПМ.
Продолжуваме понатаму со нашите активности за овозможување на посебни поволности за нашите членови, а се разбира паралелно приоритетно: Заштита и одбрана на работните права на сите наши вработените во МВР!!
Имајте пријатни и убави моменти со уживање во користење на услугите на нашиот нов пријател и соработник Ресторан “Хавана”- Старо Нагоричане.
УЖИВАЈ и плаќај со поволности како член на СПМ (Синдикат на Полиција во Македонија)

