Прес на Претседателот на СПМ

Почитувани членови на Синдикат на Полиција во Македонија, почитувани вработени во МВР, почитувани медиуми,👮‍♂️👮‍♀️

‼️Наводите дека Синдикат на Полиција во Македонија е формиран само да биде замолчан еден синдикат во МВР се неточни, тенденциозни, истите се клевета само за да на секој начин политички не обојат за што ги отфрлам во целост. Јас повеќе би рекол дека се плашат затоа што како Синдикат изминативе години колку понудија на полето на подобрување на правата знаат самите вработени во МВР.⁉️

❓Ќе се запрашате најпрво зошто и од кои причини се оформивме? Како вработени во МВР самите знаете дека во рамките на самото Министерство „не тече мед и млеко“. Вработениот во Министерството (во се поголем број) секојдневно е понижуван, малтретиран, нападот кон него често останува неказнет, владеењето на правото е „мисловна именка“, вознемирувањето на работникот секојдневно се повеќе и повеќе расте, непрофесионализмот во Министерството доволно Ви е познат на сите, опременоста, условите за работа ………..

✔️Да токму така, од причините наведени погоре официјално во Министерството за внатрешни работи формиран е и почна со работа трет Синдикат во МВР под назив „Синдикат на Полиција во Македонија“. Знаеме и свесни сме дека веќе имате изгубено верба во „оние“ кои требаше да ги застапуваат Вашите права и да се изборат за Ваши подобри услови за работа. Но, доколку дозволите Ве уверуваме дека ќе Ве убедиме во спротивното и сигурни сме дека ќе ни ја прифатите подадената наша рака.

Уште на почетокот најавивме дека ќе ставиме акцент на нашата синдикална борба а тоа е ❗
✅борбата со непрофесионализмот во Полицијата,
✅Стоп за невладеење на правото,
✅ крај на вознемирувањето на работниците,
✅ Решавање на прашањето – Неказнување на нападот врз полицискиот службеник,
✅Униформа и опрема за полициските службеници според ЕУ стандарди,
✅нов Колективен договор за вработените во Полицијата со подобри права,
✅Бесплатна правна помош за секој наш член,
✅Поголема плата, повисоки додатоци за плата, вреднување на бодот во Полицијата.

За кои промени на Министеството и за кои решенија зборуваа на вчерашната прес конференција? За оние над 2.000 решенија изготвени за само 30 дена од комисија во која членувал нивни член како нивен преставник и каде подоцна нивни членови ставија свој потпис дека најголем број таквите изготвени решенија се незаконски издадени?

❓Исто така одтука јавно испраќам порака доколку има барем едно незаконско решение што го издал сегашниот Министер за внатрешни работи Наќе Чулев да го објават а ние како Синдикат ќе реагираме и нападнеме соодветно. До тогаш нека се засрамат од ова што го прават затоа што знаеме кои се и што се и за кого навиваат. Но за тоа друг пат. До тогаш барам како Претседател на СПМ Министерот Чулев да обелодени во детали правната разврска на сите незаконити решенија издадени во минатото и не само тоа Бараме одговорност, повторувам одговорност на лицата кои стојат позади наведените незаконски издадени решенија.

❓❓❔❗Со самото тоа што на вчерашниот прес е спомнат од нивна страна претседател на друг синдикат самото тоа најверојатно покажува во каква спрега се тие два синдикати и зошто и од кои причини ако до вчера немала никаква нивна соработка, сега заеднички изиграваат жртви. Вработените во МВР се свесни и сами ќе проценат дали е тоа навистина така.
Сега јас да ги запрашам оти гледам вчера беа очигледно многу исплашени. Оти не реагиравте кога бевте во минатото присутни на скоро сите состаноци во МВР и СВР спротивно на сите правила и прописи. Кои сте Вие пред Вас да се изнесуваат класифицирани информации на секој состанок? Се лутите зошто повеќе без причина не стоите позади Министер и не сте со него рамо до рамо и со пари на МВР да се воздигнувате дека за тоа Вие сте заслужни?

Што гледате лошо од новиот синдикат?❓❔

Па сами знаете дека тој синдикат произлезе и е создаден од редот на највисоките структури на еден претходен синдикат. Незадоволни од водењето на политиките водени од тој синдикат, незадоволни од начинот на водењето на финансиите и трошењето на синдикални пари, непостапување скоро никогаш согласно Статутот на синдикатот, разрешување на синдикални преставници по волја само на еден човек зар не се причина за оформување на нов синдикат? Или само и сега ќе водите црна кампања како што водевте против другиот синдикат кој сега може ви е братски синдикат ?
Клеветите и изјавувате пред јавноста дека е потпишан штетен договор? Каков е тој штетен договор? Договор за основно функционирање на Синдикат за запирање на синдикална членарина? Тоа ли е штетен договор? Засрамете се…
Одтука јавно барам до Македонскиот полициски синдикат за навредите, клеветите и невистините искажани на вчерашниот прес дека ние сме политички синдикат согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета да се извини за нанесените клевети и доколку тоа не го стори ќе биде поведена постапка согласно наведениот закон.✅☑️✔️

✅❗Одтука Благодариме што претседателот на најголемата синдикална организација во Македонија Сојузот на синдикатите на Македонија е толку загрижен. Да му порачаме една порака „Ако толку беше загрижен за синдикалните права во МВР, стандардот на вработените во МВР зошто не ја подржа нашата иницијатива упатена до Владата за добивање на надоместок за секој вработен од 15.000 денари или ако не нашата зошто на другиот синдикат не ја прифати односно подржа и секој вработен да добиеше додаток како награда за справување со кризата во износ од 25.000 денари? Зошто не направивте прес и го викнавте најголемото раководство на ССМ кога прогонот на синдикалните преставници изминативе неколку години беше на највисоко ниво во МВР?

Затоа од тие причини монополот наречен по еден синдикат во МВР кој милува да се самонарекува „Единствен репрезенативен“ мора да запре. Време е во МВР конечно да се подобрат условите и правата на работниците и додека Јас сум претседател на Синдикат на Полиција во Македонија тоа го гарантирам дека ќе биде така.

❗❓На крај само ќе потсетам дека ваков ист договор за задршка на членарина на Синдикат во 2016 година е потпишана исто така во време на техничка влада и јавноста мора да знае дека е потпишана единствено само од страна на тогашниот Министер а сега технички премиер на Владата во Република Македонија.

Ви благодарам