По повод единаесет годишнината од настаните случени на 9/10 Мај -2015 година во “Диво Насеље”- Куманово, делегација на СПМ оддаде почит и положи свежо цвеќе

По повод единаесет годишнината од настаните случени на 9/10 Мај -2015 година во “Диво Насеље”- Куманово, каде животот го загубија осум припадници од полициските безбедносни сили , денес,во Соборниот храм “Свети Никола” во Куманово во нивна чест беше одржана панихида, а потоа пред спомен плочата во дворот на СВР Куманово се оддаде почит и положи свежо цвеќе,каде по тој повод исто така повторно се отвори и книга на жалост.

На настанот присуствуваше Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Директорот на БЈБ Александар Јанев, Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски, раководството на СВР Куманово предводено од Началникот Никица Петрушевски, двата полициските синдикати во МВР, делегација на братскиот синдикат на Српската полиција…

Во нивна чест, во организација на СО на СПМ СВР Куманово во спортската сала „Пеео Наков” во Куманово беше организиран меморијален турнир во фудбал каде претседателот Фросина Стојчевска додели неколку плакети и благодарници.

Како Синдикат изразуваме ПРЕГОЛЕМА ЖАЛ за трагично загинатите наши колеги. Тие СЕ ВЕЌЕ НАШИ ХЕРОИ И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ🇲🇰

Слава и почит за хероите на МАКЕДОНИЈА🙏🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Нивниот хероизам е наш патоказ за тоа како се сака, почитува и брани татковината Македонија👮‍♂️👮🏼‍♀️🇲🇰

“Кој се плаши дека ќе страда, веќе страда затоа што се плаши” ✊🇲🇰

Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија🇲🇰

Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата Македонска историја Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. ВЕЧНА ИМ СЛАВА 🙏🙏🙏

Хероите никогаш не умираат, НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ ЗАБОРАВИМЕ💐✊🇲🇰🇲🇰🇲🇰Слава Ви ХЕРОИ на МАКЕДОНИЈА!👮🇲🇰👮‍♀️