ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МПС❗

„Не сме заборавиле – само повеќе не молчиме“

Во изминатиот период сме сведоци на зачестено присуство на т.н. „патувачки циркуз караван“, кој под знамето на МПС, со свои „едни и единствени“ спасители, се движи низ теренот.

Истите тие – најпаметни, незаменливи, со познати позиции и уште попознати ветувања – повторно се тука.

Се менуваат фотелји, но не и лицата во МПС. „Сјаши Курто да седне Мурто“ – добро познат народски образец. Со истиот ритам, истата реторика и истата скриена агенда, продолжувате со уназадувањето на работничките права, а полицискиот службеник станува статист во сопствениот систем и вашите добросмислени епизоди.

Почитувани од МПС, дали навистина мислите дека полицискиот службеник има кратко памтење? Дали сметате дека ги заборавивме вашите предлози за укинување на веќе стекнатите работничи права, вешто скриени во Колективниот договор од 2021 година, подготвен „по нарачка“ од поранешниот министер, а потоа подметнат за потпис на следниот?

Не, не сме заборавиле. Ниту ќе заборавиме.

ЗОШТО ОДРЕДБИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ГИ ОДЛОЖИВТЕ СО ВАШ АМИН ДО 2027 ГОДИНА⁉️‼️🚱 Водата не е маркетинг, туку човеково право.

Додека светот напредува, а водата е веќе одамна призната како основно човеково право преку резолуции на ОН, меѓународни декларации и устави, вие ја третирате како промотивен материјал. Срамно е, во 21 век, вие да се самопромовирате со делење на шишенца вода од 500 мл, и тоа селективно – само на “вашите” членови. Дали останатите полициски службеници не се луѓе? Не се жедни? Не заслужуваат достоинствен третман?

Со таквиот пристап вие не само што покажувате потценување, туку и отворена дискриминација, што е во спротивност со сите начела на рамноправност.____________________ ⚠️ БЗР – тема што веќе нема да ја игнорирате. Ајде конечно да зборуваме за БЗР – Безбедност и здравје при работа, ама оваа прв пат – суштински:________________________ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ

1. ❌ Недоволна лична заштитна опрема

• Недостаток на редовна дистрибуција на неопходна лична заштитна опрема (панцири, шлемови, рефлектирачки елеци, заштитни маски и ракавици).

• Забележано користење на дотраена или оштетена опрема која повеќе не обезбедува соодветна заштита.

• Несоодветно складирање и одржување на истата опрема.

2. ❌ Формално третирање на обуките за БЗР

• Обуките се сведени на формално потпишување, без суштинска практична едукација.

• Вработените не се доволно обучени за итни ситуации (пожар, напад, хаварија).

• Нема редовни вежби за евакуација, прва помош и користење противпожарни средства.

3. ❌ Психосоцијални ризици и стрес

• Прекумерна работа, чести прекувремени часови, недостаток на одмор.

• Изложеност на психолошки притисоци, мобинг, и чувство на несигурност.

• Нема пристап до психолошка поддршка, ниту е системски препознаена.

4. ❌ Нема систем за пријавување на ризици

• Повредите не се пријавуваат поради страв од последици или игнорирање.

• Нема анонимен и доверлив канал за пријава на прекршувања поврзани со БЗР.

5. ❌ Лоша инфраструктура

• Работни простории со неусловна вентилација, греење, хигиена.

• Неергономски столчиња и лошо осветлување.

• Недостаток на простории за одмор и хигиена, особено во теренски единици.

6. ❌ Игнорирање на проценки на ризик• Проценките не се ажурираат и не се достапни за вработените.

• Работниците не се информирани за специфичните ризици за нивната позиција.

7. ❌ Неодржувана теренска опрема

• Се користат неисправни возила без техничка проверка.

• Недостаток на теренска опрема: лампи, аптечки, комуникација, алати.

• Физичка небезбедност при транспорт и контрола на терен.

ДО КАДЕ СТЕ СО РЕШАВАЊЕ НА ОВИЕ ПРАВА⁉️✊

Доста беше, не ни требаат шишиња вода. Ни треба систем што нè признава како луѓе. Не бараме селективна милост. Бараме достоинство. Не сакаме циркуз. Сакаме правда и одговорност.

ЗАКЛУЧОК: Спроведувањето на стандардите за безбедност и здравје при работа не е само законска обврска, туку и морална должност. Сегашната состојба укажува на системски слабости кои директно влијаат врз безбедноста, мотивацијата и здравјето на вработените. Потребна е итна акција од раководните структури за унапредување на состојбата и заштита на полициските службеници.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме