Нема бегање од вистината – повисоки плати ќе има, колку ќе биде тоа зависи исклучиво од способноста/неспособноста на МПС‼️
Иако пред повеќе од една година јавно се пофалија дека се дел од процесите што ќе се одвиваат во МВР, денес истите тие синдикати се негираат самите себе и одговорноста ја префрлаат кај друг, конкретно кон СПМ. Тоа не е синдикална зрелост, туку отстапување од обврската што секој репрезентативен синдикат ја има кон своите членови.
Да се обратиме кон МПС….
Повикувате на протест?
На каков протест?
Барате повисоки плати?
Врз основа на што ги барате?
И зошто и од која причина ги барате⁉️
Ова се прашања на кои секој вработен во МВР, посебно секој нивен член да му бидат кристално јасни и познати.
Зошто „Протестирате“ за повисоки плати, кога во овој момент во рацете на МПС се одредбите од новиот колективен договор на МВР кој мора сакале или не сакале да се донесе нов или измени пред 01.07.2026 година?
Зар на секој вработен во МВР сеуште не му е познато дека согласно новиот Закон за внатрешни работи, бодовите за плата како и разните видови додатоци за плата не сметат и не можат да се донесат без согласност на МПС?
Зошто протестирате (ако воошто тоа и изгледа на протест со дури 5 души) кога се е во Вашите раце?
Кого манипулирате?
Зошто не ги предвидите додатоците за ризик или популарно „овластувањата“ во новиот КД и така без да „протестирате“ ќе има повеќе покачување отколку што барате во моментот⁉️
Дополнително поставуваме едноставно и јасно прашање до двајцата лидери на МПС и НСП и очекуваме барем сега кога сте „рашетани“ по членството да им објасните барем нив:
· дали НСП и МПС учествуваат во комисиите што се формирани во МВР и дали имаат рамноправно учество во одлучувањето, со право на глас, за секое прашање што директно ја засега судбината на полицискиот службеник (ЗВР, Закон за полиција и новата систематизација во МВР?)· Што конкретно направивте во процесите кои се случуваат и кои ќе се случуваат во МВР, како репрезентативни синдикати со право на глас?
Ова не е борба меѓу синдикати и лични индивидуални пресметки со навреди‼️
Ова е борба за достоинството на секој колега. Ова е борба за професијата што ја избравме и за институцијата што мора да ја вратиме на вистинскиот пат.
СПМ ќе продолжи да зборува гласно, но одговорно. Ќе продолжи да дејствува храбро, но чесно. И ќе остане на страната на секој полициски службеник што бара правда, почит и иднина вредна за нашата униформа.
#новатаеранапрофесионализмот #враќањенапрофесионализмотвополицијата
