Денес делегација на СПМ на “Мечкин камен” положи цвеќе и оддаде почит на ХЕРОИТЕ по повод празникот ,,ИЛИНДЕН”

Големиот Македонски празник “ИЛИНДЕН” претставува симбол за Македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото, за денес ние да живееме во слободна и независна МАКЕДОНИЈА🇲🇰

На овој ден сите Македонци ги чествуваме славните и храбрите Илинденци кои го жртвувале својот живот за татковината како и мудрите и пожртвувани припадници на Народнослободителната војска кои се нераскинлив дел од модерна Македонија🇲🇰

Денес делегација на СПМ на “Мечкин камен” составена од претседател на СО Крушево Виолета Милошевска и советник на претседателот на СПМ Лефкотеја Ч.Јанкуловска положија цвеќе и оддадоа почит на ХЕРОИТЕ.

Сакајќи и почитувајќи ја сопствената татковина правиме сигурна и безбедна иднина за нас и за нашите идни поколенија.

Нека е честит и вековит ПРАЗНИКОТ 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

НЕКА Е ВЕЧЕН ИЛИНДЕН И ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА 💞

СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА 👮🏼‍♀️

#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме