Делегација на СПМ оддаде почит по повод 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Гоце Делчев е еден од најистакнатите македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Освен тоа што бил револуционер, тој бил и голем тактичар и политичар кој кажал многу мудрости со кои ја предочил македонската идеологија и иднина.

Издвојуваме дел од мудростите кои ги кажал Делчев…

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

„Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата – или ќе водиме говеда на касапница.“

„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

153 ГОДИНИ ОД ТВОЕТО РАЃАЊЕ……ВО ТВОЈА ЧЕСТ 🙏

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ДАСКАЛЕ 👌🇲🇰🇲🇰🇲🇰