Во периодот од 01.06.2025-05.06.2025 година, делегација на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ во состав Претседател Орце Коцевски и Генерален секретар Николче Кирковски, преку Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS, присуствуваше на втората регионална конференција во организација на Solidarity center глобалната независна организација за човекови права, во Бишкек , Република Киргизстан.
Како продолжение на претходната конференција, главниот осврт на дебатата беше заснован на “Градење на брз, сеопфатен и ефективен одговор на затворање на просторот за слободата на здружување”, со посебен акцент на употреба на посебните механизми и алатки за “Одбрана на синдикатите за време на криза”. Во контекст на активно учество во дебатите и акционите планови, свое излагање имаше и делегацијата на СПМ од досегашното работење на синдикалната сцена во Македонија, кое беше претставено непосредно пред присутните делегации од САД, Киргизстан, Ерменија, Украина, Казахстан, Србија и Албанија. За време и вон работните часови, разменети се искуства со другите делегации во врска со проблемите со кои истите се соочуваат и начинот на решавање на таквите ситуации во врска со одбраната на синдикатите.
Мора да се нагласи дека е стекнато непроценливо и уникатно искуство во начинот на реализација на планови и агенди во насока на развој, проширување и остварување на синдикални цели во корист на членството на синдикатите како и употребата на посебни планови и алатки за редовна заштита на синдикатите и членството како и во време на кризни ситуации.
Активностите на СПМ за одржување и унапредување на правата на работниците на МВР продолжуваат со несмалено темпо, како на државно така и на меѓународно ниво, со добиените позитивни оцени од страна на Solidarity center за минатогодишната работа на СПМ , оваа соработка продолжува и во иднина со надеж за проширување.
#враќањенапрофесионализмотвополицијата







