ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ – ГОРДОСТ НА СПМ И НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА!

🏆 ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ – ГОРДОСТ НА СПМ И НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА! 🇲🇰👮‍♂️🏃‍♂️

На денешната трка „Галичник Trail Run 2026“, уште еднаш се потврди дека македонските полицајци не се само професионалци во службата, туку и врвни спортисти кои со својата посветеност, дисциплина и упорност ја претставуваат Македонија и македонската полиција во најдобро светло.

🥇 1. место – Николче Житошански – со одлично време 50:31

🥉 3. место – Стефан Цветковски – со време 52:35

Посебно сме горди што Николче Житошански и Стефан Цветковски се членови на Синдикатот на Полицијата во Македонија – СПМ, СО СПМ Прилеп. Нивниот успех е доказ дека спортскиот дух, дисциплината, истрајноста и професионалноста се вредности што ги красат нашите припадници на полицијата.

👏 Честитки до Николче и Стефан!

Вие сте гордост на Прилеп, гордост на СПМ и гордост на македонската полиција! 🇲🇰💙 Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ Заедно сме посилни! 💪👮‍♂️🇲🇰