Барање за решавање на проблемот со дисциплинските постапки❗

Со цел избегнување на идни судски постапки против Министерството за внатрешни работи, баравме да ги решите следните работи:

Вo случаите кога против работник е поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, Раководителот на организациската единици е должен на работникот, претставник на предлагачот и другите учесници во постапката да им овозможи службен превоз на денот кога е закажана главната расправа против истиот работник, а не како до сега работниците од свој џеб да си го плаќаат превозот од било кој дел на Македонија,во периодот кога е закажана расправата за водење на дисциплинска постапка како и времето поминато од и до Секторот за дисциплински постапки на учесниците на постапката да им се засметува во работно време (ова често се злоупотребува од поедини раководители и често работниците за присуство на расправата земаат слободен ден, годишен одмор и слично),останува обврската и правото на секој работник против кого е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност по поднесено писмено барање може да изврши увид во доказниот материјал како и истото да го стори пред одржувањето на расправата.

Ова право работникот може да го оствари непосредно пред одржувањето на главната расправа или за време на одржувањето на истата (ова е битно секој работник да биде запознат со ова право односно МВР / Одделението за дисциплински постапки да му го овозможи писмено, напишано во поканата за расправа илина било кој начин за да може работникот да си ги знае своите права).

#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме