Почитувани колеги и членови на СПМ, почитувани вработени во МВР, Иако во најголем дел не се согласуваме со начинот на делување, парцијалното и нејасно користење на правните рамки на другите синдикати во МВР, од гледна точка на синдикална солидарност и залагање за подобрување на правата и условите за работа, економско-социјалниот статус на полицајците, посебно што денес ќе се повторат нашите барања, ДАВАМЕ ЈАВНА ПОДРШКА НА ПРОТЕСТОТ на Независниот синдикат на полицијата.
Сметаме дека подршката е целисходна заради тоа што: – СПМ од своите почетоци со десетици акти, известувања, реакции а и протести се обидуваше да докаже пред јавноста и МВР дека основната плата, како еден дел од основната компонента на плата, е пониска од со закон предвидената минимална плата, иако висината на таа плата е дирекно врзана за вредноста на бодот.
И покрај оваа подршка, во контекст на платата, останува барањето на СПМ за ПОВИСОКИ ПЛАТИ и воедначувањето на судската пракса, но и судењето во разумен рок, СПМ го форсира веќе неколку години наназад, особено во кривични предмети против наши колеги, но и по предмети по наши поднесени претставки и пријави. Таквиот начин на работа на судовите претставува реален и тежок проблем во спроведувањето на тековната работа на полицајците, но и покрај актите и реакциите испратени до релевантните институции од судската власт, досега не е понудено решение.
Кога веќе дојдовме до достоинството и професионализмот на полицаецот,нашиот став ви е повеќе од јасен на сите, докажан јавно и транспарентно во текот на претходните години за што говори и нашето основно мото “ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО МВР”.
Нашата солидарност кон колегите ни налага да посакаме позитивен фидбек од барањата, иако стоиме на став дека со идните решенија и законски измени кои се веќе во процедура, минималната плата и вредноста на бодот нема да бидат воопшто релевантни за МВР, односно платата ќе биде пресметувана и исплаќана по друга методологија и основи.
ДА СТАНЕ ПОЈАСНО, со долгогодишните наши барања и реакции до сите релевантни институции за што сведочат многу писма и реакции, од наредната година конечно е прифатено нашето барање во Законот за внатрешни работи а тоа е ОСНОВНАТА ПЛАТА во МВР да биде минимум минималната плата во Македонија, што е огромна придобивка за вработените во МВР. Ова во превод значи дека од наредна година од месец март ќе има ново зголемување на платите во Полицијата 👮🏼♀️.
Затоа, предлагаме и до другите синдикати да ни се придружат со анализи и пресметки кои се веќе во тек во СПМ за да не биде повторно доцна, па повторно да се бараат протести кои за нас во овој момент се беспредметни‼️
Синдикален поздрав,
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

