Соопштение од изборна комисија на СПМ 21.04.2025 година
Врз основа на одредбите од Статутот на СПМ и Правилникот за избор на Претседател на СПМ како и врз основа на одлука за распишување на избор на Претседател на СПМ број 18-101 од 10.04.2025 година, Изборната комисија на СПМ го издава следното соопштение за започнување на постапка за избор на претседател на СПМ:
Претседател на СПМ се избира од страна на Собранието на СПМ врз основа на посебна одлука за распишување на избор на Претседател на СПМ.
Право да биде избран за Претседател на СПМ има оној кандидат кој бил член на СПМ и работно искуство од 15 години во МВР. Рокот се пресметува во однос на датумот на одржување на Изборното собрание.
Кандидат за Претседател на СПМ може да биде секој член на СПМ кој ги исполнува условите и кој ќе достави конкретен предлог план и синдикален проект во писмена форма на електронската адреса : sindikatnapolicijavomakedonija@gmail.com, најдоцна до 01.05.2025 година (четврток), со потпишана пријава за кандидатот. Апликацијата/пријавата содржи име, презиме, потпис, работно место, година на раѓање, датум на членството во синдикатот и името на синдикалната организација од која доаѓа, конкретен предлог план и синдикален проект во писмена форма, датум од кога е вработен во МВР.
Генералниот советник на СПМ на кандидатот му издава писмена потврда со наведениот датум и времето на апликација.
Со почит,
Изборна комисија на СПМ

