- Адвокат Донче Стаменков од Штип, тел. 078/387-703, е-маил: stamenkovdonce@gmail.com ,
- Антонио Саздов од Штип, тел. 078/351-811, е -маил: advokatsazdov@yahoo.com ,
- Адвокат Ѓорѓиевски од Велес, ул.„Димитар Влахов“ бр.57 Велес, тел. 078/327-093, е-маил: advokatgjorgjievski@gmail.com ,
- Адвокат Елена Бејкова од Гевгелија, ул.„Маршал Тито“ бр.62, тел.077/585-046, е-маил: advokat_estojanova@yahoo.com ,
- Адвокат Аница Цветановска од Скопје, ул.„Даме Груев“ бр.7/3-18, тел. 078/288-181, е-маил: anca.cvetanovska@hotmail.com ,
- Адвокат Љубица Туна од Скопје, ул.Браќа Реџепагиќ“ бр.59, тел.072/227-803, е-маил: bube_fly@hotmail.com ,
- Адвокат Каме Ќаев од Гевгелија, ул. 7-ми Ноември бр.18-а, тел. 070/320-838, е-маил: kame_kaev@yahoo.com ,
- Адвокат Јулијана Митрова од Гевгелија, ул. 7-ми Ноември бр.18-а, тел. 070/320-954, е-маил: advokatmitrova@yahoo.com .
Давателот на услугата презема обврска почнувајќи од денот на склучувањето Договор, да ги извршува следните услуги:
- изготвување на тужби, поднесоци, редовни правни лекови, застапување на корисникот на услугите во спорови пред надлежните судови, преземање на неопходни дејствија во постапката пред истите, застапување пред државните органи, организации и застапување во дисциплински расправи.
- со согласност на давателот на услугите и други правни услуги како давање на правни совети и мислења по писмен или усмен пат на барање на корисникот на услугите, а по потреба и изготвување на договори и други акти поврзани со тековното работење на корисникот на услугите.
- На целата територија на на Македонија кај сите вработени во МВР, како и кај останати единици кои во иднина ќе станата составен дел на СПМ согласно Статутот на СПМ.
Правната помош и правните услуги давателот на услугата ќе ги дава совесно и стручно, согласно со закон и Кодексот на адвокатската етика и како тајна ќе го чува она што му го доверил корисникот на услугите.
Давателот на услугата пред преземањето на судски предмет дава одредено мислење за предметот и оценка за инструкциите на корисникот за успешноста на спорот, при што доколку не се согласува со истите нема обврска да го превземе водењето на судскиот предмет или услугите наведени во договорот.
Давателот на услугaта е согласен правната помош и правните услуги, предмет на овој Договор да ги извршува без надомест за членовите на корисникот на услугата.
Давателот на услугaта за предмети во кои корисникот на услуги е тужител, трошоците за дадени услуги ги наплатува од тужениот.
Давателот на услугaтa e овластен да ги врши сите дејствија во постапка, а посебно: да ја повлече тужбата, да го признае или одрече тужбеното барање, да склучи порамнување, да се одрече или одкаже од правен лек, да го пренесе полномошното на трето лице, како и да поднесува вонредни правни лекови, да бара присилно извршување на износите што се досудени со правосилна одлука на судот.
