Почитувани членови Ве известуваме дека е склучен договор за користење на поволности со попуст при плаќање во готово и плаќање на рати преку задршка од плата со Административна забрана преку МВР, само за членовите на СПМ.
Со една потврда издадена и заверена од страна на работодавачот (потврда и дека е член на СПМ) може да се користат услугите што ги нуди Авто Школа СТАРТ-Велес.
Авто Школата овозможува обука за полагање на АМ, А1, А2, А, Б, Ц и ЦЕ категории, на обозможени рати.
односно:
•Над 5.000,00 денари на 3 рати
•Над 20.000,00 денари на 6 рати
•Над 30.000,00 денари на 10 рати
За повеќе детали во самата канцеларија на Авто Школа СТАРТ-Велес или на телефон 070/708-718.
Услугите на Авто Школа СТАРТ-Велес важат за сите наши членови.
Заверките на ПОТВРДИТЕ се заверуваат во Оддел за финансиски прашања во МВР или во Одделенијата за правни работи во сите Сектори за внатрешни работи.
Пред секое користење на предвидените поволности, секој СПМ член на увид треба да приложи валидна членска картичка од СПМ .
Продолжуваме понатаму со нашите активности за овозможување на посебни поволности за нашите членови, а се разбира паралелно приоритетно: Заштита и одбрана на работните права на сите наши вработените во МВР!!
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

