Реакција на СПМ

Општопознат и ноторен факт е дека со законот за работни односи се воспоставени темелите на работниот однос во Македонијава и одредбите од тој закон важат и се задолжителни за државниот и за приватниот сектор.

Понатаму, самиот закон за работни односи дозволува допрецизирање на одредбите со донесување на други закони и подзаконски прописи, но и со склучување на колективни договори на повеќе нивоа и сектори.

Меѓутоа, согласно основните принципи на трудовото право, не само во Македонија, ами и пошироко, токму тие колективни договори треба да служат за подобрување и унапредување на статусот на работникот. И, за волја на вистината, тоа е така, речиси секаде во светот, во Европа и соседството.

Но, постои еден парадокс во Македонијава, т.н. Колективен договор на МВР, со кој се уназадуваат и деградираат правата на работниците. Не мора да одиме било каде во светот, Европа или соседството, туку треба да се погледне во колективните договори кои се склучени во државава за да се потврди оваа констатација. Да биде парадоксот уште поголем, оние кои го склучија, ги убедуваа на “разно-разни” начини работниците дека тој колективен договор, од 2021-ва година бил подобар и најдобар од било кој претходен колективен договор. Бил нај Европски досега…. Каква фарса.

Уште во 2012 година беше донесен закон за минимална плата и истата уредно нормирана. Но, репрезентативецот од МВР, како и работодавачот, наместо да побрзат и да ги усогласат Законот за внатрешни работи и колективниот договор со законот за минималната плата, нив мува не ги лазеше и сеуште е, се чини, така, па дозволија и дозволуваат работниците во МВР сеуште да имаат плата која е под минималната плата. Та, дури и во истата 2023-та година, потпишаа спогодба за продолжување на важноста на овој “епски” колективен договор. И така, благодарение на работодавачот и репрезентативецот, работниците во МВР сеуште имаат плата пониска од минималната плата и се чини дека така и ќе остане, не дај боже. Уште колку време ќе трае оваа фарса, зависи од истиот репрезентативец и работодавач.

Знаеме дека работниците на МВР не се на дното според платата во Македонија, туку под самото дно и никој не им е рамен. Многу поедноставни и понеризични професии се подобро и подебело платени од полицискиот еснаф и со тоа може многу да се наштети на сѐ во државава, та и на нејзината безбедност, но не и на сопственото его.

Затоа, апелираме да се надмине тоа сопствено его кај неколкумина и да се исправи оваа неправда која се прави на работниците.

Време е оваа неправда да се реши со новиот ЗВР ‼️

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот