МПС НЕ СМЕЕ ДА НАПРАВИ ОТСТАПКИ ЗА ПЛАТАТА ВО МВР- Секој работник во МВР треба ова да го знае !!

МПС НЕ СМЕЕ ДА НАПРАВИ ОТСТАПКИ ЗА ПЛАТАТА ВО МВР- Секој работник во МВР треба ова да го знае‼️

Законот за внатрешни работи е излезен во службен весник број 160 од 05.08.2025 година. Во член 205 од овој закон наведено е дека одредбите во делот IX „Плата на работниците во министерството“ќе започнат да се применуваат од 01.07.2026 година.

Согласно член 127 од ЗВР „Бодовите за видовите на работните места за пресметување на основната плата на работниците во Министерството и додатоците на плата за работните места се утврдуваат во акт за плата за работните места во Министерството, кој го донесува министерот во согласност со најбројниот репрезентативен синдикат во Министерството“.

Ова значи дека до наредните месеца Македонскиот полициски синдикат како нај броен синдикат во МВР ќе ја игра најзначајната улога во поглед на бодовите а со тоа и платата на работниците во министерството. ДОДАТОЦИТЕ на плата исто така доколку на било каков начин не се зголемат, мораат да останат толку колку што се со постојните ЗВР и КД на МВР односно и тие не смеат да се дозволи да се намалат во никој случај.

Апелираме до МПС во преговорите и согласноста која што треба да ја даде согласно член 127 од ЗВР, да не потпаѓа на влијанија и притисоци и единствено стартно барање при преговорите на основната позиција полицаец која во моментот има 520 бодови, да преговараат бројот на бодовите да биде качен за 20-40 бода стартно од основна позиција на исто толку бодови да бидат покачени кај сите останати други работно предвидени места.

💪 Го охрабруваме МПС во овој преговарачки дел никако да не отстапува и попушта а и на никој ни случајно да му паднало на памет бодовите за работниците и додатоците од членот 125 од ЗВР да ги намалува како што се предвидени во постоечкиот КД на МВР зошто само така ќе бидеме поблиску со соодветна плата во МВР достоинствена за секој работник.

Доколку е поинаку бараме нивна јавна реакција а не да ни излегуваат на бесмислени и беспредметни протести, кога единствено клучот е во нивни раце‼️

Времето е кратко и во ниту еден случај не треба да се направат никакви отстапки. Време е работникот во МВР да има достоинствена плата. Тоа време конечно доаѓа.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО МВР!

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот