Денес до Министерот за внатрешни работи доставуваме Предлог за обештетување на сите вработени во МВР со надоместокот од разликата до минималната плата

Како што вчера ветивме, денес до Министерот за внатрешни работи доставуваме Предлог за обештетување на сите вработени во МВР со надоместокот од разликата до минималната плата Но, борбата не застанува тука.

Најпрво бараме да се утврди одговорност кај оние кои со години наназад работеле спротивно на правилата и прописите и каде на секоја наша реакција со писма „не убедуваа“ дека платата во МВР (основната) е повисока од законскиот минимум. Министре, се надеваме дека ќе соберете сила и воља и дека директно најодговорните за ова во Вашите редови ќе утврдите било каква одговорност.

Дополнително денес, поднесуваме барање со посебен предлог за обештетување на оваа категорија на вработени (согласно позитивните прописи со потпишување на спогодби со сите рабитници кои го исполнуваат правото) кои замеле изминатите три години помала основна плата од минималната утврдена со закон и ќе побараме согласно можностите нивниот надоместокот од разликата до минималната плата да се исплати на неколку рати до крајот на оваа 2026 година.

Ова е добра воља со оглед на тоа дека на МВР му се заканува наплив на тужби, со тоа разни дополнителни дупли/тродупли трошоци за што во овој момент не сакаме да му се случи на МВР.

Од тие причини Бараме да се разгледа нашето барање и во рок не помал од 15 дена да добиеме одговор за понатамошни наши чекори.

Исто така со оглед на тоа дека одредени синдикати во МВР „наголемо“ се спремаат за поднесување на тужби по секоја цена, сметаме дека сега е моментот да се реши ова прашање со цел избегнување на огромни трошоци кон МВР за тужби. ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!