Делегација на СПМ одржа состанок со министерот за внатрешни работи

Денес 31.12.2025 година Делегација на Синдикат на полиција во Македонија -СПМ предводена од Претседателот на СПМ Орце Коцевски, членот на Претседателството на СПМ Гоце Петров и Претседателот на Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS Благоја Ралповски одржа состанок со министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски.

На самата средба беа презентирани неколку проблеми со кои се соочуваат вработените во МВР, како и запознавање со неколку иницијативи на СПМ за измена на неколку закони во надлежност на МВР.

Дадена е поддршка и во иднина се очекува нивно решавање. Презентирани се барањата за повисоки плати и очекувањата за истото согласно новиот ЗВР.

Благодарност за можноста и укажаната взаемна соработка во иднина.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме