Каде лежи проблемот со овластувањето⁉️
Од причини што има многу реакции за нашата објава,заради негативните,да појасниме каде лежи проблемот со последните измени на ЗП.
Имено, со новиот ЗВР се предвидува нов систем на пресметка на плати,и тоа:
-платата ќе се пресметува со вредност на бод,кој ќе го одредува Владата,
-Основната плата ( без овластување и стаж ) не смее да биде пониска од минималната плата,по закон
-На основната плата МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДАТ ДОДАТОЦИ по неколку различни основи меѓу кои и додаток за овластување и сложеност за работите. Овие додатоци се разликуваат за извршители и раководен кадар.
Она што во членот за додатоци е проблематично и создава правна и финансиска несигурност од наш аспект како синдикат,е фактот што во тој член нема начин на пресметка нити фиксна вредност или дозволена ( пример од 5% до 30% ) , за вредноста на овластувањето. А, за сметка на тоа, со последните измени на ЗП, за што бурно реагиравме, се одземаат досегашните фиксни 30% за овластување и се остава тоа да се реши по основа на закон,односно претходното објаснување на платата во новиот ЗВР.
КОНКРЕТНО,КАДЕ Е ПРОБЛЕМОТ? ЕДНОСТАВНО- ФИКСНИ 30% НА ПЛАТА СЕ ЗАМЕНУВААТ СО ПРАШАЛНИЦИ, СО ДОДАТОК КОЈ МОЖЕ ( АМА НЕ МОРА ) ДА СЕ ОДРЕДИ И ЗА КОЈ НЕМА УТВРДЕНА ВРЕДНОСТ ( која вака, може да варира од 0% до 29%) !!!Наречете го порамнување,усогласување со закон или што било,реалната слика е таа,како сакале вие наречете ја!!!
За да се оствари и осигура тој додаток,а и другите, најнапред неопходно е да се утврди систем за пресметка на коефициентот на сложеност на работите ( кој го немаме како држава ), потоа правилници, уредби и други акти со кои ќе се дефинираат таквите пресметки и начинот ( кои од досегашно искуство,не се изработуваат навремено и децидно) и ,како последна шанса, да се вметне во новиот КД како дефиниран додаток на плата ( што судејќи по досегашната работа на репрезентативните,нема да се случи )!!!
До донесување на таквите акти,како треба да се однесува полицаецот,на што да се надева и што да планира за семејството???
СПМ БАРА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРИМАЊАТА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ВО МВР,НИШТО ПОВЕЌЕ,НИШТО ПОМАЛКУ!!!
Од тие причини ги критикувавме и ќе ги критикуваме МПС и НСП , затоа што врз основа на ЗРО и ЗВР,тие единствено имаат право и можност,овој проблем да го решат или макар да го ублажат, бидејќи законот е веќе донесен. Познати се механизмите кои можат да ги употребат како репрезентативни,поврзани се со социјалниот дијалог на кој само тие имаат законско право,но не сакаат,немаат воља и знаење да ги искористат, па затоа се обидуваат со навреди и пренасочување,да навредуваат и да манипулираат со вработените во МВР и јавноста.
Она што ние како синдикат, СПМ, можеме и ќе продолжиме да го правиме е да ве известуваме навремено и да вршиме притисок јавно врз тие два синдикати, бидејќи тие ја имаат силата во моментот,да направат разлика. Но,дали ќе преземат нешто? Останува да се види.
За крај, ние стоиме на нашиот став дека зголемување на платите ќе има, нашите анализи тоа го покажуваат, но со последните случувања е несигурно колкав ќе биде износот и ќе мора да чекаме до Април. Ние се уште стоиме на нашето прво барање ЕДНО ЕВРО- ЕДЕН БОД, особено сега после ваквите измени,бидејќи сметаме дека тоа е еден сигурен начин да постои некаква сигурност и доверба кај полицаецот во МВР!!!
#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме
