П О В О Л Н О С Т за членовите на Синдикат на Полиција во Македонија

П О В О Л Н О С Т за членовите на Синдикат на Полиција во Македонија

Почитувани членови Ве известуваме дека е склучен договор за користење на поволности со плаќање на рати преку задршка од плата со Административна забрана преку МВР, само за членовите на СПМ.

Со една потврда издадена и заверена од страна на работодавачот (потврда и дека е член на СПМ) може да се користат услугите што ги нуди осигурителна компанија “УНИКА АД СКОПЈЕ” со своја канцеларија лоцирана на ул.11ти Октомври бр.39/2-1 во Куманово, а плаќањето на рати е во зависност од висината на сумата, односно:

•Над 1.000 денари на 6 рати

•Над 5.000 денари на 12 рати

За повеќе детали во самата осигурителна компанија или на телефон 075/304-675 Услугите од осгурителна компанија “УНИКА АД СКОПЈЕ” важат низ целата територија на нашата држава ,каде има отворено нивни претставништва и наши членови.

Заверките на ПОТВРДИТЕ се заверуваат во Оддел за финансиски прашања во МВР или во Одделенијата за правни работи во сите Сектори за внатрешни работи.

Пред секое користење на предвидените поволности, секој СПМ член на увид треба да приложи валидна членска картичка од СПМ.

Продолжуваме понатаму со нашите активности за овозможување на посебни поволности за нашите членови, а се разбира паралелно приоритетно: Заштита и одбрана на работните права на сите наши вработените во МВР!!

Имајте пријатни и убави моменти со уживање во купувањата со нашиот нов пријател и соработник “УНИКА АД СКОПЈЕ ” со нивно претставништво и во Куманово.

УЖИВАЈ и плаќај со поволности како член на СПМ.

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ