ОДРЖАНИ ОБУКИ СО ПОСРЕДСТВО НА ОБСЕ![]()
Со посредство и поддршка на ОБСЕ во месец Декември 2025 година организираме обуки на тема „Јавно говорење и комуникациски вештини“.
Со поддршка на ОБСЕ, проектот претставува значаен чекор во унапредување на партнерството меѓу полицијата и заедницата, во градењето на безбедно и инклузивно општество и во промовирање на позитивен и човечки пристап кон јавната безбедност.
Обуката беше дводневна, која се одржа во Центарот за обука во Идризово. Посебна благодарност до предавачите кои беа на висина на задачата и го пренесоа своето искуство на присутните.
Обуката се спроведе по следната динамика:
Првата обука се организираше во периодот 4 и 5 Декември 2025 година.
Втората обука се организира во периодот 09 и 10 Декември 2025 година.
Датумот на свечено доделување на сертификатите дополнително ќе биде определен со присуство на високи претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи.
Беа поканети за присуство на обуките сите синдикати во МВР, единствено на поканата се одзваа и беа присутни претставници од Македонскиот полициски синдикат.
СПМ – ЗА ЕДНО ЗНАМЕ, ЗА ЕДНА ХРАБРОСТ, ЗА ЕДНО ДРУГАРСТВО!





















