Денес, Единицата за брзо распоредување – ЕБР одбележува 24 години од своето постоење.
Речиси четвртина век оваа елитна единица е во првите редови за одбрана на државата, уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија 🇲🇰.
👉 Ова не е само датум – ова е симбол на жртва, храброст и непокор!Затоа, овој ден мора и треба секогаш да се одбележува достоинствено, со највисоки почести, како што прилега на единица која е темел на безбедносниот систем.
Нашата борба е јасна: Полицијата мора да биде ослободена од политички влијанија и притисоци. Припадниците на ЕБР и сите полициски службеници мора да бидат соодветно почитувани, платени и наградени за својата работа. Работата мора да се извршува во достоинствени услови и со современа и квалитетна опрема. Само така ќе изградиме полиција со интегритет, со авторитет и професионализам – полиција која народот ја почитува и во која има доверба!
ЕБР нека остане пример за храброст, чест и лојалност – тоа им го должиме на сите оние што пред нас ја напишаа историјата со сопствената крв.
✊ СЛАВА И ВЕЧНА ПОЧИТ НА ХЕРОИТЕ КОИ ГО ДАДОА ЖИВОТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА!
🇲🇰 Македонија нема право да заборави!„Смртта не постои – луѓето умираат тогаш кога сите ќе ги заборават.
“Со гордост и почит,
Претседател на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ Орце Коцевски
СЕКОГАШ 👮 СЕКАДЕ 🇲🇰




