Од поделби кон сплотеност – бидејќи сме обични луѓе со иста болка, иста насмевка“Колеги, пријатели, браќа и сестри по професија и живот, долго време не разделуваа ѕидови, ѕидови изградени од молк, разочараност, поделби, непријателства, функции, титули и недоразбирања. Не’ научија да се гледаме преку раменици, да премолчуваме болка, да се откажуваме од блискоста. Но сега да кажеме: Доста е!
Сите ние носиме иста мака. Исти сме во задачите, иста ни е правдата што ја бараме, иста ни е тишината што нè гуши на крајот на денот. И кога се радуваме – радоста ни е иста. И кога ни тече солза – солзата нема функција, нема чин, нема страна. Само човештво. Само радост. Само болка. Само една вистина.
🔴 Сите сме обични луѓе – со сина униформа и тежина што секојдневно ја носиме.
🔵 Секој од нас е вреден, секој глас е важен, секоја рака што се подава е благослов.Никој не е повисок, никој не е помалку човек. Затоа, ве повикуваме –не на обичен пикник, туку на ден на враќање и обединување на еден со друг. Да ја срушиме секоја бариера што со години не разделуваше. Да покажеме дека човечноста, солидарноста и добродетелството се посилни од секоја функција. Функциите се менуваат – луѓето остануваат. И она што не’ прави луѓе е што чувствуваме – и болка и радост. И гнев и простување. И токму тоа нè прави едно големо семејство.
📍 Место: Меморијален центар- АСНОМ во Пелинце
📅 Датум: 6-ти Септември (сабота)
⏰ Почеток: 11:00 часот
✍️✍️ Пријавување за сигурно присаство: До 25.08.2025 година ( поради добра и успешна организација на настанот) Да дојдеме сите – не по ранг, туку по срце. Да седнеме заедно – не по оддел, туку по душа. Да се потсетиме – дека уште сме живи луѓе, со срце што чука за правда. И за другарство.
✨ Нека овој ден биде симбол на нов почеток –на обединување, пријателство и човекољубие. Зашто не’ има – и ќе не’ има многу, само ако чекориме заедно.Со искрена почит, СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА на СПМ СВР КУМАНОВО
– Синдикат на Полиција во Македонија
– СПМ Сила, Правда, Достоинство
#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме

