На покана на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP , СПМ со своја делегација предводена од Генералниот секретар на СПМ Никола Кирковски беше гостин на XVIII по ред спортска Полицијада “Златибор 2025”

Златибор, Република Србија 30 и 31 Мај 2025 год.

На покана на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP , СПМ со своја делегација предводена од Генералниот секретар на СПМ Никола Кирковски беше гостин на XVIII по ред спортска Полицијада “Златибор 2025”.

Во текот на дводневната посета, беа одржани неколку состаноци каде во разговори со раководството на Синдикатот, одржавме поединечни средби како и со претставниците на повеќе синдикати и тоа од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, разменивме многу искуства, начинот на делување на синдикатите во регионот за што пред се ќе се допринесе во идно јакнење на синдикализмот во МВР.

Доказ за нашето секојдневно јакнење, нашата посветена работа и искреност и дека нашата посветеност станува се повеќе и повеќе препознатлива во регионот укажува фактот дека веќе се поставени темелите за идна соработка со неколку други синдикати.

Продолжуваме и понатаму посветено во борбата за подобри права и услови во Полицијата✊️🇲🇰

Благодариме на гостопримството на домаќините, пред се на Претседателот на ССП Lazar Ranitovic и нормално незаменливиот ГЕН СЕК Darko Ocokoljic 🤝🫡#враќањенапрофесионализмотвополицијата #силанановотовреме

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS