Зошто и од кои причини се оформи нов Синдикат на Полиција во Македонија?

Зошто и од кои причини се оформи нов Синдикат на Полиција во Македонија?

Кога во Март 2016 година за прв пат се слушна идејата и визијата на новиот прогресивен енергичен и иден репрезентативен синдикат многумина се зачленивме без ниту грам сомнеж, по нашето зачленување со голема помош на поголемиот дел од Вас веднаш почнавме да допринесуваме со цел развој на Синдикатот и императив кој и ден денес не водеше повеќето а тоа е подобрување на правата на вработените и „Враќање на Достоинството во Полицијата“.

Вашата подршка не остана незабележана а голем дел од Вас тука присутните бевте сведоци за трудот вложен да дојдеме на само чекор од она што вистински го заслуживме работевме деноноќно, енергично од Исток до Запад од Север до Југ растрчани на сите страни со една цел борба која беше нерамноправна, борба против нерамноправен противник односно борба против оние кои не и мислеа добро на полицијата за сиот тој период најгорди од се сме што имаше чесни луѓе кои имаа своја политичка определба но синдикатот секогаш им беше предизвик TO BE OR NOT TO BE.
Се сеќавате на едно време кога не сметаа за „машинерија“, имавме членови кои веруваа дека навистина дојде нова сила во МВР и навистина во иднина некој ќе се бори за нивните права.

За жал од тој момент откако „енормно“ се порасна повеќе работите не беа исти, дојде до смена на власта од која „очекувававме“ многу. Но тогаш се јави еден проблем, тогаш некој пресмета дека новата енергија не му одговара ниту на новиот колектив, имено во моментот кога почнавме да го критикуваме и правиме пресови против поранешниот Министер кој за жал реши дека ние не го заслужуваме неговото внимание ниту една наша средба не доби медиумско внимание во содејство со дел од нас во континуитет не лажеше, не собираше се залагаше како да е се готово а веќе после неколку часа и самите бевме свесни дека ниту еден проблем нема да ни реши, е тогаш драги мои почна најжестокиот удар.

НО, дали беше тоа навистина така и дали „ТОЈ“ Министер беше за се виновен????

Со должна почит кон сите, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи сметаме и мораме да ја кажеме вистината. На ваквите тогаш наши иницијативи, пресови и заклучоци дека треба да се реагира и да се укаже на фактот дека Министерот не не почитува од страна на тогашниот претседател (активен претседател на друг синдикат во МВР) бевме смирувани и ни беше укажувано да не избрзуваме, ќе дојде денот прашање на време било. Само кога би знаеле колку пати на прес од него беа „кинати“ нашите текстови затоа што беа критика за Министерството.

Замислете тогаш следуваше најбруталниот удар преместувањето на синдикалните претставници кој стана пракса на тогашниот Министер. Поединци жестоко застанавме во одбрана на ваквото однесување и сметавме дека преместувањето на синдикалните претставници не е во ред и спротивно на закон успеавме само да направиме неколку прес конференции (ми текнува на 2) и сето тоа потајно намерно или ненамерно го заташкувавме и игнориравме фактот дека за тоа е крив Министерот, се разбира со насоки на претседателот кој велеше „Те молам да не бидеме брутални се разбира Дел од нас воопшто не се чепнати и не им фали влакно што од калкулации што од тоа кубурот за полоши денови ќе го чуваме“.

По овие ангажмани за силен напад и одбрана и на она малку чест што ни остана почна вознемирување како на синдикалните преставници така и на силните подржувачи.

Но, неможевме да премолчиме на фактите што однаред за решавањето на судините на синдикалните преставници и членовите ги имаше „ТОЈ“. Знаеше однапред на распоредување, дозволуваше и не се противеше на мобингот над синдикалните преставници едноставно знаеше СЕ.
Од тогашни 4 организирани протести на два протестивоопшто не се ни појави со образложение дека имал состанок со началник – колегиум. Да протести за подобрување на правата на вработените во МВР без тогаш првиот човек кој не можел да присуствува заради состаноци. Направи СЕ за да ги спречи протестите (вкупно 2 за 2019 година) каде не дозволи да се блокира сообраќајот низ неколку локации низ државата. Тие што дојдоа таму присутните беа разочарани премногу од ваквиот потег.

Кога јавно и транспарентно ќе го видите финансискиот извештај тогаш ќе сватите дел од нашите намери. Дел од нас одбивме нетранспарентност и побаравме реален извештај кој до денес не е доставен.

Надзорниот одбор кој беше „разрешен“ две недели пред собранието само требаше да биде изговор. Ние решивме да кажеме НЕ бидејќи дел од нас сметаат дека белиот образ пред Вас е побитен, времето ќе оставиме да покаже кој одолговлекувал а кој работел.

Затоа додека нешто зависи од нас нема да дозволиме да некој одлуките ги носи во круг на неколкумина, доста беше и доста ни биде одземано правото на демоктратско обраќање како што тоа беше во минатото.

Од овој момент или ќе не биде или НЕ како што реков дојде денот да се биде или не
Мора да имаме пат и да знаеме тој пат каде оди. Вака додека тераме дневни политики да знаете нема да не биде.

Од тие причини од 01.05.2020 година во Министерството за внатрешни работи формиран е трет Синдикат под назив „Синдикат на Полиција во Македонија“.

Затоа почитувани вработени во МВР, знаеме и свесни сме дека веќе имате изгубено верба во „оние“ кои требаа да ги застапуваат Вашите права и да се изборат за подобри услови за работа. Знаеме за тоа и свесни сме. Но, доколку ни дозволите да Ве убедиме во спротивното во иднина сигурни сме дека ќе ни ја прифатите подадената наша рака.

Време е да се стави крај на :
• непрофесионализам во Полицијата,
• невладеење на правото,
• вознемирување на неистомислениците,
• малтретирање на професионалците во МВР,
• Неказнување на напад врз полицаец,
• Немење на услови и средства за работа…

Заедно ќе успееме за повторно професијата „ПОЛИЦАЕЦ“ да биде тоа што заслужува а тоа е повторно вреднувана професија за која што мечтае секој вработен.

……. Ние не се откажуваме од овие идеали……