Нека е ЧЕСТИТ Денот на Македонската Полиција, 7-ми Мај

Почитувани вработени во Министерството за Внатрешни Работи,

Полицијата постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, личната безбедност и сопственост.
На сите припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија им честитаме за професионализмот во извршувањето на одговорните задачи, но пред сè за лојалноста кон татковината.
Не постои друга професија во светот која што може да ја одберете и каде што ќе ги искусите најдобрите и најлошите животни реалности. Да бидеш полициски службеник преставува особена чест.
Да направиме од професијата Полицаец професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава.

Нека ни е ЧЕСТИТ 7-ми Мај ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА и Вечен спомен на ХЕРОИТЕ КОИ НЕ СЕ ПОВЕЌЕ МЕЃУ НАС… Тие живеат во нашите срца, никогаш нема да ги заборавиме…