20 години КСС – Раѓање на достоинството на работникот: традиција, борба, иднина!

🎉 20 години КСС – Раѓање на достоинството на работникот: традиција, борба, иднина! ✊

📅 На 24 декември 2025

📍 во хотел „Александар Палас“ – Скопје, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија свечено одбележа 20 години посветена борба за работничките права и достоинството на трудот.

👥 На настанот присуствуваа и се обратија високи државни претставници – во името на Владата, Заменик министерот за труд и социјална политика Марјан Ристески, Проф. д-р Лазар Јовевски, Емил Крстановски од Меѓународната организација на трудот, Миле Бошков од Бизнис конфедерација на Македонија, синдикални организации, бизнис заедницата и долгогодишни соработници на КСС.

✊ Во изминатите 20 години, КСС претставува симбол на борба, истрајност и посветеност, постојано стоејќи на страната на работникот и бранејќи го неговото достоинство и правата.

📜 Со почит кон минатото,

✊ со борба во сегашноста

🔭 и со визија за иднината –

КСС останува гласен, цврст и непоколеблив заштитник на работникот.

#силанановотовреме