ЧЕСТИТ 1-ви МАЈ, ДЕН НА ТРУДОТ ✊

Први мај – Денот на трудот, е повеќе од симболичен празник. Тоа е ден кога оддаваме почит на вложениот труд, упорноста и придонесот на секој човек во изградбата на подобро општество. Но, овој празник не е само потсетник на работничките права – тој е и шанса да му дадеме значење на секојдневниот напор што го вложуваме, на малите и големите победи што нè градат како личности. Тоа е и ден кога секој заслужува да застане за момент, да се наврати на сопствениот пат и да се гордее со сè што постигнал.

1-ви Мај како меѓународен празник се одбележува во сеќавање и посветен е на работничките права и борби за подобри услови. Сè започна во 1886 година во Чикаго, кога работниците започнаа генерален штрајк барајќи осумчасовен работен ден.

Овој ден е симбол на борбата за работнички права и достојни услови за работа, ден кога им оддаваме почит на сите работници, без разлика дали работат во институции, фабрика, училиште, канцеларија или градинка.

Затоа, Денот на трудот не е само спомен на минатото, туку повик кон иднината, кон фер работни услови, достоинствена плата и општество каде трудот е вреднуван, а работникот почитуван.

Синдикат на полиција во Македонија на сите вработени во МВР им го честита 1 Мај – Денот на трудот, со желби за добро здравје и успех во сите полиња 🇲🇰🇲🇰🇲🇰