СПМ не го подржува лицемерното барање за повисоки плати во Полицијата ‼️

СПМ не го подржува лицемерното барање за повисоки плати во Полицијата ‼️

СПМ НЕМА да го подржи барањето за покачување на платите за 20% што еден синдикат во МВР го поднесе до Собранието на РМ до сите пратенички групи во екот на изборниот циклус.

СПМ ниту пак се согласува со ставот на друг синдикат во МВР дека застанува рамо до рамо со тоа барање и дека цврсто како и првиот ќе се борат за повисоки плати за 20%.

Ние како СПМ изразуваме јасен и недвосмислен став а тоа е: НЕ ГО ПОДРЖУВАМЕ БАРАЊЕТО И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ МАНИПУЛАЦИЈА на вработените во МВР!!! Зошто?

Затоа што претходно НАШЕТО БАРАЊЕ, барањето на СПМ за основната плата во МВР да биде минимум минимална плата во МВР е конечно прифатено . Конечно некој во МВР не разбра, не сфати и како ЗАКОНСКА ОДРЕДБА е вметнато во новиот Закон за внатрешни работи.

Ова значи дека од месец Март 2026 година платите на сите работници во МВР не само што ќе се покачат за минимум 20% туку и платата на работникот во МВР ќе биде достоинствена, ќе биде соодветно вреднувана и платена🎯

СПМ не навлегува во политичките игри што овие два синдикати во МВР ги играат, каде ли воопшто беа кога Синдикат на полиција во Македонија протестираше, го креваше својот глас, каде беа кога праќавме десетици писма и реакции, пресови, каде ли воопшто беа кога не прогонуваа после нашите протести, скоро сите синдикални претставници на СПМ беа распоредувани надвор од местото на живеење, стопирана членарината.

Сепак остваривме преку шест протести и дадовме несебичен придонес на неколку протести на КСС – Конфедерација на слободни синдикати на Македонија борејќи се за повисоки плати и услови во полицијата. КАДЕ БЕА ТОГАШ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС И ДА НЕ ПОДРЖАТ? Зошто тогаш ќутеа како риби? Или сега треба да ги враќате долговите, па „тивко и срамно“ барате покачување од институција од која не зависи покачувањето на платите во Полицијата?

Дали знаете кој досега ја определуваше вредноста на бодот, право кое веќе ви е земено во новиот ЗВР⁉️

7 години наназад се гушкаа меѓусебно со тогашниот министер во два наврати кога имаше мизерно покачување од 5%,се сликаа пред јавноста како нивно најголемо достигнување. И сега, кога дојде раководство на МВР кое очигледно ги согледува и решава проблемите на вработените, Вие ЌЕ СЕ ЗАКАНУВАТЕ СО ШТРАЈКОВИ, ЌЕ СТЕ ПРОТЕСТИРАЛЕ за 20%? Па како не ви е срам или имате „долг“ па го враќате и одработувате, ЗА КОГО?

Пак ќе прашаме, Вие двајца како најголеми синдикати во МВР, навистина ли манипулирате со вработените во МВР, или воопшто не сте во тек со процесите во МВР.Дали навистина не знаете или се правите „на удрени“ дека е прифатено барањето на СПМ за покачување на платите во ЗВР?Со новиот Закон за внатрешни работи основната плата во МВР ќе биде минимум минимална плата во МВР. Се правите на удрени за ова божем не го знаете и глумите лудило?

Вработените во МВР да бидат СПОКОЈНИ, покачување на платите во МВР ќе има и тоа ќе биде во согласност со законите и Уставот а не онака како до сега што правеа поединци не почитувајќи ни Устав ни закон. Со стапување на новиот ЗВР, повторно ќе повториме, Е ПРИФАТЕНО НАШЕТО БАРАЊЕ основната плата на работник во МВР да биде минимум минималната плата која со закон е пропишана. На овој начин доаѓа до израз долгогодишната наша правна борба која години наназад ја водиме низ институциите, министерствата и надвор од државата, за на овој начин да ни се потврдат нашите барања дека работникот во МВР заслужува да има достоинствена плата. Затоа, почитувани вработени бидете спокојни, повисока плата доаѓа за неколку месеци од сега.

Оваа вест, сепак сакавме да ја објавиме на еден убав начин, на еден свечен чин каде ќе соопштевме дека конечно е издвојувана децениската неправда што одредени синдикати години наназад му ја нанесуваа на работникот, но од причини што вработените да не се доведуваат во заблуда и да бидат манипулирани и да знаат што се случува и да знаат кој вистински се бори за нивните права и нивниот стандард а кој измислува неосновани барања само по секоја цена да го задржи своето членство од незадоволството што владее во редовите.

СПМ и понатаму останува на браникот на заштитата на правата на работниците и секогаш ќе се темели на борбата за подобрување на правата и подобри услови и најсилното оружје а тоа е правната борба и правната заштита на своето членство.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата #силанановотовреме

Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme @topfans