П О В О Л Н О С Т за членовите на Синдикат на Полиција во Македонија

П О В О Л Н О С Т за членовите на Синдикат на Полиција во Македонија

Почитувани членови Ве известуваме дека е склучен договор за користење на поволности со попуст или одложено плаќање на рати преку задршка од плата со Административна забрана преку МВР, само за членовите на СПМ.

Со една потврда издадена и заверена од страна на работодавачот (потврда и дека е член на СПМ) може да се купува во продавница за обувки и кожна галантерија “ВС-ШУС-Глечер” – Куманово лоцирани на ул. „Доне Божинов„ број 18 во Куманово ( до поранешно “Пеко”),а кои се познати и препознатливи со својата долгогодишна традиција на квалитет

Производите може да се купат со попуст од 10% при готовинско плаќање , а плаќањето на рати е во зависност од висината на сумата, односно:

Над 3.000 денари на 2 рати

Над 5.000 денари на 3 рати

За повеќе детали во самата продавница или на телефон 078/766-765 или на нивните страници на социјална мрежа:

· https://www.facebook.com/share/17hdJWfofT/

· instagram.com/vs.glecer.shoes

Заверките на ПОТВРДИТЕ се заверуваат во Оддел за финансиски прашања во МВР или во Одделенијата за правни работи во сите Сектори за внатрешни работи.

Пред секое користење на предвидените поволности, секој СПМ член на увид треба да приложи валидна членска картичка од СПМ .

Продолжуваме понатаму со нашите активности за овозможување на посебни поволности за нашите членови, а се разбира паралелно приоритетно:

Заштита и одбрана на работните права на сите наши вработените во МВР!!

Имајте пријатни и убави моменти со уживање во купувањата со нашиот нов пријател и соработник “Vs Shoes-Glecer ” -Куманово.

УЖИВАЈ и плаќај со поволности како член на СПМ.

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ