Почитувани членови Ве известуваме дека е склучен договор за користење на поволности со одложено плаќање на рати преку задршка од плата со Административна забрана преку МВР, само за членовите на СПМ.
➡️Со една потврда издадена и заверена од страна на работодавачот (потврда и дека е член на СПМ) може да се купува во една од продавницата на “Автоделови Универзал” Гевгелија, лоциран на влезот во Гевгелија, “Булевар Гевгелија” бб (непосредна близина на БП Макпетрол).
Производите може да се купат и со попуст од 10% при плаќање во готово, а плаќањето на рати е во зависност од висината на сумата.
За повеќе детали во продавницата или на телефон 075/420-069 или на нивната официјална фејсбук страна https://www.facebook.com/UniverzalGevgelija?mibextid=ZbWKwL
👮♀️✅Заверките на ПОТВРДИТЕ се заверуваат во Оддел за финансиски прашања во МВР или во Одделенијата за правни работи во сите Сектори за внатрешни работи.
✔️Продолжуваме понатаму со нашите активности за овозможување на посебни поволности за нашите членови, а се разбира паралелно приоритетно:
✅Заштита и одбрана на работните права на сите наши вработените во МВР!!👮♀️👮♂️
Имајте пријатни и убави моменти со уживање во купуваањата со нашиот нов пријател и соработник “Автоделови Универзал” Гевгелија УЖИВАЈ и плаќај со поволности како член на СПМ.
✔️Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
