Почитувани членови, на ваше барање ви доставуваме мислење на вашите неколку поставени прашања кои се актуелни последниот период

Почитувани членови, на ваше барање ви доставуваме мислење на вашите неколку поставени прашања кои се актуелни последниот период. Повелете, читајте споредувајте и самите уверете се кој е во право👮🇲🇰

  1. Дали новиот Закон за внатрешни работи е поволен за вработените во МВР во делот за плата?

Со законот за внатрешни работи (службен весник број 160 од 05.08.2025 година за прв пат се исправа долгогодишната неправда која години наназад му се правеше на работникот на МВР. Да бидеме конкретни, според член 122 став 5 од овој закон „ Основната плата утврдена за најнискиот вид на работно место во категоријата извршители со средно образование не може да биде пониска од минималната плата во државата утврдена со закон“.

Ова значи дека имајќи во предвид дека денешната минимална плата во Република Македонија е 24.500 денари, во иднина износот на основната плата нема да биде понизок од минималната плата и како во иднина ќе расте минималната плата во Републиката, согласно овој закон ќе расте и основната – платата на работникот во МВР. Доколку се земе во предвид дека (пример: основна плата на полицаец со 520 бода х 35,4 денари (вредност на бод) = 18.400 денари (сегашна основна плата), со отпочнувањето на сила на новиот ЗВР, основната плата нема да биде помала од износот на минималната плата.

2. Дали во Законот за полиција се укинати 30% додатокот за плата познато како „овластување“?

Со последните измени од Законот за полиција (службен весник број 258 од 22.12.2025 година) се брише делот од член 101 став 1 „износот на средствата наменети за плата за извршување на полициските работи – 30%“ (популарното овластување). За бришењето на овој член од законот немаше баш никаква реакција од синдикатите МПС и НСП односно Нас не нападнаа како Синдикат со навреди и омаловажувања а збор за ова не изустија ниту пак кажаа дали сето ова е сторено со нивни „Амин“.

Дополнително, во членот 125 став 1 од ЗВР стои „За определени работни места во Министерството, може да бидат утврдени додатоци на плата за работно место“, вклучувајќи ги тука и „додаток на плата за сложеност на работите на работното место“ (член 125 став 3 алинеа 2 од ЗВР).

За разлика од претходното решение во ЗВР каде овој додаток (популарното овластување од 20% и 30%) беше загарантиран со Закон за сите вработени во МВР, согласно новиот Закон за внатрешни работи ќе биде предмет на преговори во Актот за плата за кој треба да даде СОГЛАСНОСТ најбројниот репрезентативен синдикат во МВР а тоа е МПС (член 127 од ЗВР). Најпросто речено, дали ќе има „овластување“ од 20% или 30% , за која категорија на работници ќе се однесува или истото повеќе нема да постои зависи исклучиво од МПС зошто тие треба да дадат писмена согласност за истото.

3. Дали со растот на минималната плата во Републиката, паралелно ќе расте и платата во МВР?

Владата најави дека од месец Март 2026 година минималната плата ќе биде повисока за износ до 2.000 денари, а тоа автоматски значи дека со денот на отпочнувањето на Законот за внатрешни работи 01.07.2026 година, законот предвидува дека ќе порасне и основната плата на работникот на МВР.

Упатуваме апел и ПОВИК до одговорните лица во Министерството за внатрешни работи конечно да ги одговорат погоре наведените прашања и да се расчисти дилемата и манипулациите кон вработените од страна на другите синдикати во МВР.

Затоа, почитувани вработени во Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme споредете ги членовите кои ги имате погоре и самите уверете се која е вистината.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме