Потврда дека основната плата на работникот во МВР е помала од минималната плата во Македонија

Нашата борба за докажување дека основната плата на работникот во МВР е помала од минималната плата во Македонија е ЗАВРШЕНА‼️

Потврда за ова е заклучокот од Врховниот суд на Република Македонија од 21.10.2025 година каде се потврдува дека на работникот на МВР му следува разлика до минималната плата.

Конечно нашата неколкугодишна борба исплива на површина и со тоа докажавме дека работникот во МВР зема основна плата пониска од минималецот.

Борбата не застанува тука.

Во текот на утрешниот ден, Синдикат на полиција во Македонија до Министерот за внатрешни работи ќе достави посебен предлог за обештетување на оваа категорија на вработени со кои ќе побара надоместокот од разликата до минималната плата да се исплати на неколку рати до крајот на оваа 2026 година.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме